Мурињо знае кој е најдобар фудбалер на сите времиња – Тоа не е ниту Кристијано, ниту Меси

Легендарниот португалски тренер Жозе Мурињо одговори на прашањето кој според него е најдобар фудбалер на сите времиња. Според него на тоа место не се наоаѓа ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо, туку бразилскиот Роналдо.

„Најдобар фудбалер во историјата е Роналдо, бразилскиот феномен. Никој не може да го надмине. Тука мислам строго на талентот и квалитетот на фудбал што го играше“, изјави Мурињо. 

Мурињо неодамна го избра и најдобриот тим според него во историјата во кој се наоѓаат: Чех, Занети, Тери, Карвалјо, Галас, Макелеле, Лампард, Озил, Азар, Дрогба и Роналдо.

Се вчитува...