Мурињо: Зошто ме нема во книгата на Венгер, па човекот никогаш ме нема победено

Арсен Венгер објави книга во која говори за својата фудбалска кариера. Една од работите која што прва падна во „очи“ е тоа што во книгата ниту еднаш не е споменат Жозе Мурињо. Португалецот во свој стил даде мислење за ситуацијата велејќи дека е тоа така, бидејќи Венгер ниту еднаш го нема победено во кариерата.

„Зошто ме нема во во книгата на Венгер? Затоа што никогаш не ме победил. За што да пишуваш книга, за 12 или 14 натпревари што немаш победа против мене? Зошто би го пишувал тоа во своја книга. Книгата треба да те направи горд, тотално го разбирам зошто мене ме нема“, изјави Мурињо. 

Се вчитува...