Муслиу: „Репрезентацијата не е зае*анција, под итно многу нешта треба да промениме, и како тим и како поединци!“

Еден од најискусните македонски репрезентативци, долгогодишниот стопер на националниот тим Висар Муслиу искрен како никогаш досега по новиот пораз на Македонија и од Шкотска со 0-2 во Лигата на нациите.

Муслиу по мечот порача дека секој поединец треба добро да се запраша како се игра за репрезентацијата, и многу работи под итно треба да се променат, и како тим и како индивидуалци.

„Треба многу нешта да промениме. Најпрво ние играчите треба малку да го смениме односот, и уште со психолошката подготовка како влегуваме на самите натпревари. Репрезентацијата не е зае*анција, ова е највисоко ниво на европскиот фудбал… Треба да сме свесни дека играме во Лига Б каде има сериозни селекции, каде има сериозно квалитетни играчи. А, она што ние го даваме на терен на последните натпревари очигледно не е доволно, почнувајќи од мене па и кај сите други фудбалери. Јас секогаш почнувам и од мене. Под итно треба да промениме многу работи, затоа што не оди повеќе вака. И како тим да се анализираме, и како поединци да се анализираме за да дојдеме до подобри резултати, затоа што во репрезентацијата секогаш е важно каков е резултатот“ – изјави Муслиу.

Се вчитува...