Муслиу: Со ладни глави против Белгијците, треба да го третираме како и секој друг меч претходно!

Македонската репрезентација денеска патува за Гент каде во петок (10. октомври) ќе се соочи со Белгија во натпревар од квалификациите за СП 2026.

Нашиот најдобар национален тим одработи мини подготовки во Скопје пред денешното заминување за Белгија. Дефанзивецот на белгиски Сент Труден, Висар Муслиу смета дека може да се спротивставиме на силниот противник и сериозно да конкурираме за првите две места на табелата за пласман на Мундијалот следната година.

„Натпреварот е многу важен за нас, од тоа нема бегање, но добро е да знаеме дека со овој меч не е крај на светот. Треба да се подготвиме како и за сите други предизвици, како на минатите натпревари, со ладна глава да влеземе во мечот и да се обидеме да го извлечеме најдоброто од сите нас. Нормално е дека Белгија ќе не анализира од нашиот последен меѓусебен дуел, но ние многупати сме покажале дека можеме да одиграме квалитетно со големите репрезентации. Ќе се потрудиме да се подготвиме и да покажеме на терен дека сме конкурентни“ – вели Муслиу пред заминувањето за Белгија.

Се вчитува...