Муслиу: Со нетрпение го очекувам дебито за шампионски Вардар

Едно од засилувањата на Вардар ова лето е младинскиот репрезентативец Висар Муслиу, кој на подготовките во Австрија се приклучи дополнително по завршувањето на обврските на Европското првенство во Полска.

„Засега сé оди според планот. Тренираме напорно, се подготвуваме за Лигата на шампионите. Моите импресии се позитивни, од првите неколку денови во кои тренирам со Вардар. Јас и на промоцијата кажав дека дојдов во шампионски тим, и таа шампионска атмосфера се чувствува и на тренинзите. Се работи професионално, секогаш од секого се бара максимум и на подготовките и на пријателските натпревари, со цел добро да се подготвиме за Лигата на шампионите и за настапите во првенството. Одлично сум примен од моите нови соиграчи. Немав проблем околу адаптацијата затоа што со големиот број од нив се знам од настапите во репрезентацијата, а со сите сум бил заедно на теренот, сум играл и против и добро се познаваме“ – вели Муслиу по првите денови тренинг во „црвено-црните“.

Муслиу го чека своето деби за Вардар, и се надева дека ќе добие шанса на последните два пријателски натпревари на подготовките. Веќе утре „вардарци“ играат против австрискиот Матерсбург.

„Со нетрпение очекувам да заиграм во Вардар. На секој тренинг и на секој натпревар ќе дадам се од себе да ја оправдам оваа доверба која ми е укажана. Се надевам дека ќе придонесам за тимот да освојува титули и да има успеси на меѓународна сцена. Кажав и повторно ќе повторам, дојдов тука да освојувам шампионски пехари“ – вели новото име во редовите на Вардар.

Се вчитува...