Муслиу заработи повреда, неизвесен за престојните дуели

По мечот со Грузија повреда за стоперот Висар Муслиу кој одигра повеќе од борбен натпревар во Тбилиси.

По синоќешниот натпревар Муслиу се пожали на мала повреда по која денеска треба да биде подложен на дополнителни прегледи. Неизвесно е колку ќе може да биде подготвен за следните два натпревари против Естонија (15. ноември, Скопје) и против Ерменија (18. ноември, Кипар), иако сосема е јасно дека ќе биде повеќе од неопходен за стручниот штаб доколку Кире Ристевски и натаму е позитивен на Ковид-19.

Ристевски деновиве повторно го очекува тест на коронавирусот, и доколку биде негативен ќе може да се приклучи за следните два репрезентативни натпревари.

Се вчитува...