МВП титула за Ласе Mелер, без Македонци во ол-стар тимот на СП

Левиот бек на репрезентацијата на Данска, Ласе Мелер е прогласен за најдобар играч на својата позиција и МВП на Светското првенство (У21) во Алжир. Мелер ја предводи данската репрезентација во мечот за шампионската титула. Тој беше клучен играч во својата репрезентација за сензационалната победа против Франција во мундијалското полуфинале. Ласе Мелер е ракометар на ГОГ Гудме, а на ова СП е и најдобар стрелец на Данска и втор стрелец на шампионатот, пред вечерашното финале, со 65 погодоци и со 64,4 процентна реализација на шутот.

Во ол-стар тимот на младинскиот шампионат има по двајца Данци и двајца Шпанци и по еден репрезентативец на Франција,Германија и на Унгарија. За жал во најдобрата седморка на мундијалот не се најде ниеден играч од репрезентацијата на Македонија која заврши на 6 место.

Ол-стар тим на СП (У21) во Алжир:

МВП и лев бек: Ласе Мелер (Данска)

Среден бек: Матија Ѓери (Унгарија)

Десен бек: Дика Мем (Франција)

Лево крило: Лукас Мертенс (Германија)

Десно крило: Алекс Гомез (Шпанија)

Пикер: Магнус Согструп (Данска)

Голман: Хуан Мануел Ледо (Шпанија)

Се вчитува...