МВП-то на Евробаскетот 2022 ќе биде замена за Таварес во Реал Мадрид?

Актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид ова лето може да остане без еден од своите најдобри кошаркари откако интерес за анагажман на центарот Еди Таварес изрази НБА франшизата Портланд Трејлблејзерс.

Доколку репрезентативецот на Зеленортските острови замине од главниот град на Шпанија неговата замена ќе дојде од НБА лигата. Станува збор за МВП-то на Евробаскетот 2022, Вили Хернангомез кој изрази интерес за враќање во Европа по седум години „преку барата“.

Реал Мадрид ги има правата за негов ангажман со оглед на тоа што „кралскиот клуб“ е оној од кој Вили Хернангомез по сезоната 2015/16 замина во НБА лигата.

Се вчитува...