Мвумби е хит на СП 2021 – погледнете како стрела „дебелкото“ од Конго (видео)

Готие Мвумби го привлече вниманието на јавноста со тежината и корпулентниот изглед, но пивотот на Конго дефинитивно поседува и сосема солидни ракометни квалитети.

Впрочем, тој може да се пофали со извонреден процент на успешност, постигнувајќи 12 погодоци од вкупно 13 обиди на првите три средби. Мвумбу стрелаше 4/4 против Аргентина, единственото промашување го имаше против светскиот првак Данска (4/5), за вчера против Бахреин да стигне и до МВП-признанието со пет гола од исто толку шутеви.

Ова се само дел од погодоците што Мвумби ги постигна на овој светски шампионат…

Се вчитува...