МЗТ не може да крене глава од гостиварци (фотогалерија)

Гостивар е единствениот тим што сезонава двапати успеал да го совлада МЗТ Скопје, воедно и прва екипа што го земала скалпот на македонскиот првак сред Аеродром, како во домашното првенство, така и во АБА2 лигата.

„Металците“ очекуваа полесна победа откако рутински го одработеа последниот регионален предизвик со Сутјеска, но гостиварци одиграа извонредно, го диктираа темпото и го контролираа резултатот во поголем дел од мечот, па на крајот заслужено се радуваа на победата, прва за овој тим на гостувањата во СЦ „Јане Сандански“.

Избраниците на Марјан Србиновски уште еднаш покажаа дека од година во година се посериозно се приближуваат до самиот врв на мак-баскетот, а двете победи над актуелноит првак се доказ дека гостиварци се на вистински пат.

Се вчитува...