МЗТ се помачи, ама победи со ФМП

Кошаркарите на МЗТ Скопје се врати на врвот од табелата во Првата македонска кошаркарска лига откако во 15. коло славеа на гостувањето против Академија ФМП со 66-71.

„Металците“ се мачеа повеќе од очекуваното но на крајот сосема заслужено стигнаа до победата, пред се благодарение на одлично одиграниот трет период од играта кој го добија со 15-24. Влегоа со 10 поени предност во последната четвртина што докрај не беше достижно за домаќините.

Најдобар во редовите на МЗТ беше Дамјан Стојановски со 19 поени, дополнети и со седум скока и две асистенции, а Маслинко мечот го заврши со 18 поени и осум скока. Крстевски постигна 12 поени. Во редовите на домашната екипа се издвои Даниел Начевски со „дабл-дабл“ ефект од 15 поени и 10 скока.

МЗТ ја запиша 12-та победа сезонава издвојувајќи се на врвот од табелата пред Гостивар кој е со 11 победи и четири порази. Работнички е со 10 победи и четири порази, но и натпревар помалку.

 

 

Се вчитува...