МЗТ се засили со Србинот Бурсаќ

Српскиот интернационалец, Александар Бурсаќ (27 год, 205 см) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, од кого се очекува да ја пополни празнината во играта под кошевите по заминувањето на Еван Максвел.

Станува збор за искусен крилен центар, кој одлично ја познава АБА Лигата со оглед што четири години беше дел од неа како кошаркар на ФМП а две како член на Задар. Негов последен клуб е шпанска Џирона, каде што настапуваше заедно со легендата на „црвената фурија“, Марк Гасол.

Србинот треба утре да пристигне во Скопје и се очекува дебито во плаво-белиот дрес да го има в недела против Мега Баскет (21 часот) во меч од 8. коло од АБА Лига.

Се вчитува...