МЗТ Скопје на турнирот во Лесковац ќе ги „испроба“ странците и младите

МЗТ Скопје овој викенд ќе учествува на меѓународен турнир во Лесковац како дел од подготовките за новата сезона во кој ќе учествуваат и домаќинот Здравље, Борац Чачал и Вршац.

Аеродромци на овој турнир нема да може да сметаат на капитенот Дамјан Стојановски, како и репрезентативците Мекиќ, Николов и Робев поради рехабилитација од повреда, а тренерот Радуловиќ ќе може за прв пат да ги „испроба“ странските засилувања: Хуан Дејвис, Дастин Вер и Роберт Рикиќ. Покрај нив на располагање ќе бидат и младите Андоновски, Митевски, Иванов, Спасовски и 15-годишниот Бојан Величковски.

Во полуфиналето кое ќе биде одиграно утре, „сино-белите“ ќе ги одмерат силите со домаќинот Здравље од 17 часот, нешто подоцна ќе биде одигран и вториот полуфинален дуел. Додека в недела ќе биде познат и освојувачот на турнирот и оној кој ќе се задовли со третото место.

Се вчитува...