МЗТ Скопје поразен во Солун од Ираклис

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје доживеа нов пораз на пријателските натпревари во пресрет на новата сезона. „Сино-белите“ овој пат беа совладани од грчкиот Ираклис со 62-76 во првиот од двата предвидени натпревари во Солун.

Роберт Рикиќ и Дастин Вер со по 15 поени беа предовниците на „штрковите“, а нив ги следеше Адем Мекиќ со еден поен помалку. Добар настапи забележа и Дарио Митевски, кој претходната сезона беше желба на тренерот Кочов, но остана да ја доигра сезоната во МЗТ2. Ќе биде интересно да видиме дали младинскиот репрезентативец на Македонија овој пат ќе добие доверба од првиот тим.

Тренерот Радуловиќ повторно не можеше да смета на целосниот ростер. Овој пат во тимот беше Адем Мекиќ, но повторно отсустуваше капитенот Стојановски кој се опоравува од повреда. МЗТ Скопје пред враќањето во Скопје ќе одигра и дуел со Арис кој е закажан за утре со почеток од 15 часот.

Се вчитува...