МЗТ Скопје со лесен триумф во „Јане Сандански“ против ТФТ во првиот меч од финалето! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје без никаков проблем дојдоа до победа во првиот натпревар од финалната серија во битката за шампионската титула во Македонија. „Металците“ во првиот меч на домашен терен, во „Јане Сандански“, триумфираа со 67-49 против ТФТ.

Израмнето почна натпреварот, со минимална предност за домашните која по првата четвртина изнесуваше 25-20. Но, целосна надмоќ на „металците“ во втората четвртина која ја добија со 16-6 за предност на полувремето од 41-26. Андоновски низ почетоците на вториот период од играта со пет едноподруго поени, а потоа Едвин во финишот на полувремето беа носечките фигури од поентерски аспект кои ја донесоа предноста за домашните.

Второто полувреме се играше далеку понеефикасна, со далеку поагресивна одбрана на двете страни, што резултираше со мал број поени. Но, и во таква ситуација МЗТ Скопје беше тој кој умешно ја зголемуваше предноста. Тимот од „Јане Сандански“ во последната четвртина влезе со предност од 55-37, и веќе тогаш беше јасен победник во првиот натпревар од финалето.

Во последната четвртина само рутинско одржување на водството за МЗТ за конечна победа од 67-49.

Магдевски со 9 поени, 8 скока и пет асистенции беше најзабележлив поединец во победничкиот тим, во кој најефикасен беше Војдан Стојановски со 12 постигнати поени. А, со 11 постигнати поени заврши Дамјан Стојановски, додека Андоновски запиша 9 поени, дополнети и со шест скока и една украдена топка.

Кај ТФТ единствено за издвојување е Американецот Хотон со 9 поени и 12 скока, а со по 9 постигнати поени завршија Говенс и Стојаноски.

 

Се вчитува...