МЗТ Скопје со пораз го отвори турнирот во Лесковац

МЗТ Скопје со пораз од 92-81 на турнирот во Лесковац против Здравље ги започна подготовките за новата сезона. Металците на овој меч настапија без половина состав со оглед на тоа што поради повреди во Скопје останаа дел од репрезентативците.

Најефикасен на натпреварот беше американскиот кошаркар Дастин Вер кој постигна 20 поени, Крстевски додаде 17, а Хуан Дејвис 11.

Во мечот за трето место „сино-белите“ ќе се сретнат со Вршац. Натпреварот се игра утре со почеток од 16 часот, а во финалето ќе се сретнат Здравље и Борац Чачак.

Се вчитува...