МЗТ Скопје со прв чекор кон шестата титула (фотогалерија)

Финале какво што доликува одиграа МЗТ Скопје и Карпош соколи на стартот од серијата битки за титулата во кошаркарското првенство. И двата тима не одиграа на своето највисоко ниво, но тоа е логично кога влогот е огромен, а притисокот влијае врз оние играчи кои не така често се борат за трофеи во своите кариери.

МЗТ во своите редови ги имаше Дреновац и Мијатовиќ, играчи кои и лани беа значајни адути на патот до титулата, па вечерва кога на остатокот од тимот не му одеше токму двајцата Срби ја презедоа одговорноста. Погодија неколку шутеви, донесоа пресврт и на крајот се радуваа на победата. На сметка на противникот, кој и покрај добриот настап и водството од „плус девет“ пред крајот на третата четвртина, по последниот свиреж на сирената со наведната глава го напушти теренот.

Тренерот Николиќ реши да се коцка, па при последниот напад одеше на лична грешка врз Тејмс, доби „бонус“ со едниот промашен пенал, но потоа планот му падна во вода со „бунарот“ на Мавра.

МЗТ Скопје ја доби првата рунда, но овој дуел најави суперинтересна серија во која „сино-белите“ навистина ќе треба да одиграат најдобро што знаат и умеат за да стигнат до шестата титула во низа.

[new_royalslider id=”641″]

Се вчитува...