Екипата на МЗТ Скопје ја славеше шестата победа во првенството, откако на домашен терен лесно го мина тимот на Чаир 2030 совладувајќи го со убедливи 106-61.
„Металците“ уште од стартот на мечот имаа контрола на играта и на резултатот, и секоја четвртина ја решија во своја корист.
За гостите не беа доволни ниту расположените Фреклин и Банч кои постигнаа 23, односно 22 поени. Кај победничкиот тим Робев беше најефикасен со 21 поен, за нешто помалку од 23 минути минати на паркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА