МЗТ во битка за првото место во АБА 2

Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродом против Борац во 15. коло од АБА 2 лигата игра дуел за првата позиција на табелата во регионалното натпреварување. Борац е лидер во поредкот со биланс од 12 победи и два пораз и 26  бода, МЗТ заостанува еден триумф, има еден пораз повеќе и 25 бода. Ако нашиот првак слави денеска на гостувањето во Чачак, двете екипи ќе имаат по идентични 27 бода, а МЗТ ќе биде подобар во меѓусебните дуели со оглед дека на првиот натпревар сезонава во Скопје славеше со 76-69.

„Пред нас е натпревар со противник кој добро го познаваме и екипа која во досегашниот дел од шампионатот покажа најголема константност. Играат агресивна одбрана на граница на прекршок, особено на домашен терен. Борац, без сомнение е фаворит пред овој дуел, но и ние ќе имаме што да кажеме, односно и во Чачак ќе одиме на победа исто како и на секој друг меч. Ги знаеме нивните предности, но и слабости и ќе пробаме да ги покажат слабите точки“ – вели во пресрет на натпреварот, тренрот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

Во натпреварот МЗТ влегува со серија од четири последовни победи, додека Борац во претходното коло загуби во пресметката со Спарс.

 

Се вчитува...