На Анчелоти веќе му е „преку глава“: Доста е … Фудбалот мора брзо да се промени!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за моменталната состојба на фудбалската сцена, па без воздржување истакна дека е време за нова револуција.

Во разговор за „Кориере дело спорт“, Карло зборуваше и за Суперлигата за која се залага и претседателот на Реал, Флорентино Перез.

„Фудбалот мора брзо да се промени. Пред се, мора да го намалиме бројот на натпревари, играме многу натпревари и тоа е лошо, квалитетот на натпреварите одат во надолна линија, играчите веќе не можат да играат на високо ниво, одбиваат да играат за репрезентации … Физички и психички се заморени, па затоа имаат и голем број на повреди, мислам дека е време да се каже доста“, заклучи Анчелоти.

Се вчитува...