На денешен ден пред 14 години Роналдињо ја направи последната „магија“ во дресот на Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона на денешен ден пред 14 години беа поразени од Атлетико Мадрид со резултат од 4-2, но овој натпревар го одбележа легендарниот Роналдињо. Бразилецот играше за Барселона од летото 2003 година до летото 2008 година кога се пресели во Милан.

Легендарниот играч на Барса со своите игри во каталонскиот клуб го воодушеви фудбалскиот свет и стана миленик на навивачите ширум светот. Своите најдобри денови ги помина во дресот на Барселона со кој успеа да освои речиси се што можеше, а потоа по пет сезони го напушти клубот бидејќи новиот тренер Пеп Гвардиола не сметаше на него.

Роналдињо не беше толку брилијантен во последните две сезони во Барселона како порано, а тогаш веќе беше јасно дека фудбалот не е во преден план. Поголемиот дел од времето го поминувал во ноќни клубови, а значително бил „запоставен“ кога станува збор за килограмите.

Сепак, и покрај тоа, Роналдињо едноставно имаше магија во нозете и тоа од време на време го покажуваше во последната сезона во дресот на Барселона. Многумина велат дека Роналдињо ја направил својата последна магија во дресот на Барселона во поразот од Атлетико Мадрид (4-2) во мечот кој се одигра на денешен ден пред точно 14 години.

Тогаш Барселона поведе во 29. минута кога Чави центрираше од десната страна, а Роналдињо од десетина метри со ножички го совлада Абијати за 1-0. Аплаузот на резервните играчи на Барселона е најдобар показател за мајсторијата, а во составот тогаш беа Лионел Меси и Деко.

 

 

 

Се вчитува...