На денешен ден: Сеќавање на еден од најдобрите натпревари на Коби

Пред точно 14 години, Коби Брајант одигра еден од своите најдобри натпревари. На 30. ноевмри 2006 година во „Стејплс Центар“ гостуваше Јута Џез, а асот на Лејкерс беше прв стрелец во тимот со 52 постигнати поена за три четвртини, од кои 30 во првиот дел од второто полувреме.

„Црната мамба“ погоди 17 од своите 23 шута за два, имаше и „два од три“ за три поени, 12 од 15 од линијата за слободни фрлања, а на нив дополни и четири скока, три асистенции, една украдена топка и само една изгубена топка. Неверојатно.

Се вчитува...