НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Трејси Мекгрејди и неговите 13 поени за 35 секунди (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон на 9. декември 2004 година по голем пресврт славеа во дербито на Тексас над Сан Антонио со 81-80, а херојот на Рокетс беше фантастичниот шутер Трејси Мекгрејди.

Кошаркарот на Хјустон за само 35 секунди постигна неверојатни 13 поени за својот тим со кој „минусот“ од осум поени (76-68) го преслика во победа на својот тим за еден од највозбудливите враќања во историјата на овој спорт кој и по 17 години сеуште се помни.

Се вчитува...