На екс англискиот првак му се заканува згаснување, бара донации од навивачите

Даночната национална управа на Англија му даде рок на нисколигашот Шефилд Венздеј од две недели да го исплати долгот од 2 милиони фунти. Ако не ја исполни таа обврска, тогаш на клубот му се закануваат санкции, а потоа и згаснување. Неговиот сопственик Дејфон Кансири тврди дека во касата на клубот нема доволно средства за покривање на оваа сума.

Затоа тој се одлучи јавно да побара помош од навивачите. „Ако 20 илјади лица соберат по 10 фунти, ќе дојдеме до бараниот износ, и мислам дека ќе го решиме проблемот. Таа сума би го покрил данокот и платите, а ако тоа го сториме до 10. ноември, тогаш ќе можеме да избегнеме забрана за трансфери во следните три преодни рока. Ако навивачите не разбираат, јас тука не можам да помогнам. Тука сум девет години, овој клуб е дел од мојот живот и не разбирате колку ми е важен“.

Кансири доаѓа од едно од најбогатите семејства на Тајалнд, чие богатство се проценува на 575 милиони долари.

Шефилд минатата  сезона го освои третото место во Лига 1, и низ бараж обезбеди промоција во Чемпионшип. Моментално се наоѓа на последното место на табелата. Пред стотина години освојуваше титули во Англија, и ги има четири (1903, 1904, 1929, 1930).

Се вчитува...