Барселона моќно ја стартуваше новата сезона, каталонците веќе ги планираат и наредните потези на пазарот, но за да има поголем простор за маневар неопходно ќе биде и некој од постоечките фудбалери да си замине.
Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Ханси Флик веќе пресекол и на оваа тема, откако го загубил трпението со Френки де Јонг кој би можел веќе во јануарскиот преоден рок да си замине од „Камп Ноу“. Холандскиот плејмејкер е во аут поради повредата заработена на СП 2026, се најавуваше дека ќе се врати на тренинзи со тимот за време на оваа репрезентативна пауза, но тоа не се случи.
Флик веќе нема трпение во ситуација кога конкуренцијата за средниот ред секако е огромна, па дал зелено светло холандскиот ас да биде продаден веќе во јануари. Челси и Ливерпул покажуваат сериозен интерес, а Барса има можност да заработи околу 50 милиони евра од трансферот, но и да ослободи значаен простор во буџетот за плати, проблем што каталонците го имаа во последните неколку години при регистрацијата на новит засилувања.
„Фудбаалерот сака да остане, но јасно е дека Флик не смета на него и таа порака е веќе пренесена. Тој лесно може да го смени ставот и да побара да си замине во јануари, а клубот нема да му стои на патот. Разделбата е најдобра опција за сите страни“, пишува „Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
