На Герет Бејл му здосадило да го чека Манчестер Јунајтед и се договорил со Тотенхем

Герет Бејл бил решен да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, но се изморил чекајќи клубот да реши што ќе прави со Џејдон Санчо. Сагата на Јунајтед со Санчо се провлекува во текот на целиот трансфер период и и натаму има шанси за договор до крајот на предониот рок в понеделник навечер.

Очигледно е дека Бејл бил сериозна опција за Јунајтед особено што клубот му кажал дека е пропаднат трансферот на Санчо и оти тој е високо на нивната листа приоритети. И Бејл бил решен да оди на „Олд трафорд“, но со оглед дека ситуацијата се развлекла, а понудата од Тотенхем била отоврена, решил да се врати во стариот клуб. Во Лондон ќе остане една сезона.

Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед и натаму се измачува пред крајот на предониот рок и од сите страни добива критики за тоа како се однесуваше и какви одлуки донесе во трансфер прозорецот. Повеќе имиња постојано се поврзувани со трансфер во клубот, но и натаму нема решенија за позициите каде што тимот на Оле Гунар Солскјер се смета за најранлив.

 

 

Се вчитува...