„На Хари Мегваер очајно му треба одмор“

На Хари Мегваер добро би му дошол одмор од клупските активности смета поранешниот играч на Манчестр Јуанјтед кој сега е ТВ аналитичар, Рио Фердианд. Кулминацијата на проблемите на Мегвар дојде во англиската репрезентација кога беше исклучен на средбата со Данска. Фердинанд вели дека Мегваер не може да се пронајде себе си откако имаше проблеми на одморот во Грција каде што беше уапсен и обвинет за напад на полицаец. Мегвар има лоши изданија и за Јуанјтед.

„Во вакви ситуации во кои сум бил и јас, најдобро е да бидеш изваден од рерната. Сметам дека многу важна улога во ова ќе одигра менаџерот Оле Гунар солскјер. Можеби е време да му даде малку одмор, да му остави простор да се собере и да си ја врати самодовербата“ – вели Фердинад.

По апсењето во Грција, Мегваер беше тргнат од списокот на селекотрот Герет Саутгејт за септемвриските натпревари на англиската репрезентација, а во октомвриските средби влезе по катастрофалниот пораз на Манчестер Јуанјтед од Тотенхем на „Олд трафорд“ со 6-1. Следен натпревар во Премиер-лигата е мечот со Њукасл в сабота.

Се вчитува...