На кој играч на Ливерпул му симна капа Јирген Клоп (видео)

Јирген Клоп имаше причина да биде горд на изданието на подмладениот состав на Ливерпул при големата победа над Евертон. Младиот Џонс постигна гол за паметење, одлични беа и Вилијамс, Чиривела и Елиот, но Клоп по мечот издвои еден фудбалер кому му се поклони – Адам Лалана.

Искусниот играч за врска беше извонреден, целосно ја контролираше средината од теренот и им даваше вистински совети на помладите за време на средбата, па Клоп оправдано му симна капа на англискиот репрезентативец, јасно ставајќи до знаење што мисли за неговиот настап на градското дерби.

Се вчитува...