На крајот на летниот преоден рок Челси би можел да држи три трансферни рекорди

На крајот на летниот преоден рок Челси би можел да држи три трансфери рекорди. „Сините“ го имаат најспакиот голман во историјата по трансферот на Кепа Аризабалага, неодамна и најскапиот бек по ангажирањето на Марк Кукуреља, а доколку сакаат да го доведат Весли Фофана на „Стемфорд Бриџ“ ќе мораат да го срушат и рекордот кој го држи Хари Мегваер, пренесуваат англиските медиуми.

Лестер настојува да го задржи 21-годишникот, а за таа цел веќе беа одбиени две понуди од Челси. Сепак ни лондонскиот тим кој остана без посакуваните Аке, Кунде и Кимпембе не се откажува од намерите да го доведе младиот Французин во своите редови и да го внесе во долгорочните планови па наскоро се очекува рекордна понуда.

Од трансферот на Хари Мегваер во Манчестер Јунајтед, Лестер заработи 87 милиони евра, а понудата на Челси се очекува да биде над 90 милиони. Доколку „лисицте“ одолеат и на оваа понуда како алтернатива се јавува ѕвездата во подем на Вулверхемптон, Макс Килман.

Се вчитува...