На крилјата на Влаховиќ, Јувентус им се врати на победите (ВИДЕО)

Јувентус го победи Емполи на гостински терен со 2-3, по една крајно интересна игра демонстрирана од двете екипи. Херој кај „старата дама“ е Душан Влаховиќ, кој со два гола донесе нова победа за својот тим.

На почетокот од натпреварот фудбалерите на Емполи ја притиснаа „Старата дама“ на сопствената половина, а во меѓувреме успеаја и во неколку наврати да го загрозат голот на гостите. Сепак, во 32. минута по една брза транзција Јуве го отвори резултатот за прво водство на овој натпревар преку Мојс Кин. Емполи не се откажа, па за неколку минути успеа да изедначи во 40. минута, стрелец на голот беше Шимон Зурковски. Во самиот финиш од првиот дел, на сцена се појави извонредниот Душан Влаховиќ, кој донесе ново водство за својот тим од 1-2.

Во вториот дел Душан Влаховиќ ја зголеми предноста на својот тим со гол во 66.минута, но следуваше брз одговор од Емполи, па по само десет минути игра, Андреа Ла Мантија стрелаше за 2-3 во 76. минута. До крајот на мечот следуваше голема неизвесност, а притисикот кон гостите постојано растеше. Сепак, „старата дама“ успеа да издржи и да си замине со победа и три нови бода.

 

 

https://streamff.live/8ba233

 

https://streamff.live/w1i

 

https://streamff.com/uploads/6f03c8.mp4?autoplay=true&loop=true

 

https://streamff.live/j29

 

Се вчитува...