На Лампард не му се смачи од Корона…Мексиканецот е цел на Челси

Англискиот премиерлигаш Челси ги планира засилувањата за следната сезона, а менаџерот Франк Лампард сака во тимот да го има Корона. Името кое на светот е алергичен, поради коронавирусот, сепак, не му пречи на Лампард, посебно што се работи за квалитетен играч кој го носи дресот на Порто. На „Стемфорд бриџ“ се надеваат дека би можеле да го купат Џејдон Санчо, меѓутоа младиот англиски репрезентативец е цел на најголемите европски клубови, конкуренцијата ќе биде жестока, па Лампард има и друга идеја – за ангажман на Хесус Корона.

Мексиканецот е поливалентен на десната странична позиција, може да игра и како бек и како крило, а оваа сезона на 41 натпревар за Порто постигна два гола и забележа дури 17 асистенции. Неговата цена се проценува на околу 26 милиони фунти и секако е многу поевтин од Џејдон Санчо.

Хесус Корона е и во плановите на Севилја, Валенсија и на Интер.

 

Се вчитува...