На Љунгберг му дојде преку глава: Побрзо донесете тренер

Фреди Љунгберг не успеа да го извлече Арсенал од големата резултатска криза, а по денешниот убедлив пораз од Манчестер Сити шведскиот стручњак јавно им порача на челниците на „топчиите“ што поскоро да донесат перманентен наследник на Унаи Емери.

„Мораат да донесат одлука, и да го сторат тоа што поскоро. Јас и моите соработници сме тука за да помогнеме, даваме се од себе, но очигледно не е доволно. Мора што поскоро да се донесе нов тренер“ – изјави Љунгберг.

Карло Анчелоти е една од опциите за Арсенал откако трофејниот стратег го напушти Наполи. „Топчиите“ во изминатиот период имаа разговори и со Пауло Соуса, како и со поранешниот тренер на Валенсија, Марселино.

Се вчитува...