На малерите на Барса им нема крај: Се повреди уште еден првотимец

Чави не може да крене глава од проблеми во Барселона, откако на долгата листа на повредени играчи вечерва се приклучи уште еден фудбалер, и тоа по само неколку минути игра на дуелот со Осасуна.

Каталонците вчера останаа без услугите на Жоао Феликс, за вечерва повреда да заработи уште еден офанзивен играч, Феран Торес. Поранешниот ас на Манчестер Сити беше стартер против Осасуна, но веќе во четвртата минута мораше да биде заменет откако се пожали на повреда на мускулот.

Разочарувањето кај него, но и кај останатите фудбалери на Барселона беше огромно, ако се знае дека токму честите повреди се една од главните причини поради кои каталонците сезонава играат далеку под можностите на тимот што лани стигна до титулата во Ла Лига.

Се вчитува...