На него му е доста од се – Реакцијата на Роналдо ќе се помни долго (ФОТО)

Катастрофа е мал збор за она што го доживеа Манчестер Јунајтед на стадионот Амекс во Брајтон. „Црвените ѓаволи“ беа декласирани од домашните со високи 4-0 и уште еднаш покажаа дека не е ни чудо што не се меѓу најдобрите англиски клубови оваа сезона.

Кристијано Роналдо, ако не оди на друго место, нема да го гледаме во Лигата на шампионите следната сезона. Португалецот секако е разочаран, а за тоа говорат неговите реакции кои ги имаше на денешниот меч.

Кристијано почна да се смее на теренот по четвртиот гол. Не можеше да поверува што се случува со неговиот тим и дека повеќето од соиграчите го издадоа оваа сезона со катастрофални настапи. Колку самиот Роналдо беше беспомошен покажува фотографијата на која се потпира на статива и како да сака да каже дека му е доста од се.

 

Се вчитува...