На Обамејанг не му пречи помала плата во Барса: Тоа е голем клуб, ваква шанса доаѓа еднаш во животот

Габонскиот интернационалец Пјер-Емерик Обамејанг коментираше за тоа што игра за Барселона за далеку помала плата од она што го заработуваше во таборот на Арсенал.

На прашањето дали вредеше да потпише за Барселона за далеку помала плата од она кое го заработуваше, одговори:

„Секако дека вредеше. Барселона е голем клуб и сакав да дојдам тука. Таква можност доаѓа еднаш во животот“, рече Обамејанг.

Габонецот ќе заработува 5.000 евра неделно, но во новата сезона има клаузула во која ќе му се зголеми и ќе добие многу повеќе.

Се вчитува...