„На Обрадовиќ нема да му се допаѓа НБА, бидејќи не може ништо да контролира“

Нигерискиот кошаркар Екпе Удо го коментираше својот поранешен тренер Жељко Обрадовиќ. Тој смета дека најтрофејниот европски тренер на сите времиња никогаш не сакал да премине во НБА бидејќи таму нема да ја има таа слобода како во европската кошарка.

„На Жељко нема да му се допаѓа НБА, бидејќи таму нема да може се да контролира“, напиша Екпе Удо.

 

Се вчитува...