На Олд Трафорд го одбраа наследниот на Солксјер, а не е Зидан

Оле Гунар Солскјер е пред отказ од Манчестер Јунајтед, откако неговиот тим игра „топло-ладно“ во првенството, а благодарение на пресвртите победи на последните два меча во ЛШ.

Без разлика на тоа, Норвежанецот е под тежок притисок, и секој нареден пораз би можело да му биде последен меч на клупата на „црвените ѓаволи“.

Во последно време се шпекулира дека неговата замена ќе биде Зинедин Зидан, миленикот на Кристијано Роналдо, но британските медиуми денеска пишуваат дека Јунајтед веќе одбра кој ќе го замени Солскјер. Станува збор за Антонио Конте.

Конте е без работа откако го напушти Интер, а во минатото беше на клупата на Челзи и на Јувентус. Веќе има една титула во Премиер-лигата со Челзи, секогаш е амбициозен и би бил идеална замена за Солскјер.

Солскјер ќе преживее уште некое време, благодарение на победата над Аталанта, иако Јунајтед имаше негатива од 0-2 на полувремето.

Се вчитува...