На Пирло му снемуваат изговори: Јуве игра премногу предвидливо…

Андреа Пирло од натпревар во натпревар е се поблиску до заминување од клупата на Јувентус, а серијата слаби игри продолжи и со вчерашното реми на градското дерби со Торино. Јуве имаше водство на самиот почеток, но потоа прими два гола и се доведе во ситуација да спасува бод против градскиот ривал, кој води битка за опстанок.

Пирло по мечот не го криеше разочарувањето од слабиот настап на својот тим, сепак одбивајќи тој да преземе одговорност за резултатската криза на „старата дама“.

„Играме со премногу хоризонтални додавања, не напаѓаме доволно брзо и тоа ја прави нашата игра многу предвидлива. Примивме лесен гол, нешто слично како на дербито со Лацио, мора да се разбере дека не смее да доаѓа до пад на концентрацијата, ниту за секунда, бидејќи ривалите секогаш го казнуваат тоа. Кога ривалот игра затворено мора да сте брзи во акциите, во размислувањата, а тоа не беше случај со нас. Мораме да работиме на бројни основни фудбалски принципи, како позиционирање и движење зад одбранбените фудбалери на противникот“, истакна Пирло.

Италијанските медиуми најавуваат дека лпретстојното дерби со Наполи ќе биде клучен дуел за младиот стратег, кој во случај на пораз сигурно ќе добие отказ.

Се вчитува...