На повидок дуел Адеми-Спировски во ЛШ

Динамо Загреб на Аријан Адеми и Ференцварош на Стефан Спировски би можеле да се сретнат во третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите, одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. И двата тима ќе бидат фаворити во второто коло, бидејќи хравтскиот шампион ќе игра против грузискиот Сабуртало, додека Ференцварош ќе се сретне со Валета од Малта.

Минатогодишниот полуфиналист во Лигата на шампионите, Ајакс ќе игра против грчки ПАОК. Победникот од мечот меѓу Селтик и Номе Калју кој беше подобар од Шкендија ќе игра против подобриот од мечот меѓу Макаби Тел Авив и Клуж.

Двојки 3. коло квалификации Лига на шампиони:

Макаби Тел Авив/Клуж – Селтик/Номе Калју

АПОЕЛ/Сутјеска – Карабак/Дандалк

ПАОК – Ајакс

Динамо Загреб/Сабуртало – Валета/Ференцварош

Марибор/АИК – БАТЕ Борисов/Росенборг

Се вчитува...