На Работнички лесно му се „лизгаат“ победите, затоа е на дното (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички игра добро, но едноставно сезонава не знае да ја „грабне“ победата. Создава шанси, но реализацијата често е проблем, а дозволува да прими погодок и од минимална опасност. И затоа е последен на табелата со само 15 бода.

И денеска Работнички играше добро, поведе со голот на Иван Марковиќ, имаше можности и да го удвои водството, но потоа Силекс израмни. „Романтичарите“ не успеаја да ја грабнат победата.

 

Се вчитува...