На Ридигер не му се брза: Уште го чекал Челси, а конечна одлука ќе донел во следните недели

Германскиот стопер, Антонио Ридигер во летниот преоден рок може да направи трансфер како слободен фудбалер и уште од сега може да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис.

Стоперот игра во блескава форма под водство на Томас Тухел, но и покрај тоа не може да го добие тоа што го бара од таборот на Челси.

Дополнителен проблем претставува ситуацијата во лондонскиот клуб кој има забрана за секакви трансакции како казна за рускиот олигарх Роман Абрамович кој е сопственик на клубот.

Ридигер од почит кон клубот се уште одбивал да се договори со заинтересираните тимови, но на чекањето ќе му стави крај во следниот период кога ќе мора да донесе одлука.

Сериозен интерес за германскиот стопер има од Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус кои се подготвени да му излезат во пресрет со одлични финансиски услови.

Се вчитува...