На Роналдо му се лепи скандал по скандал

По обвинувањата за силување, Кристијано Роналдо доживеа нов удар во јавноста откако беа обелоденети страшните откритија поврзани со неговата вереница, Џорџина Родригез, или поточно со нејзиното семејство.

„Сан“ деновиве објави сторија за таткото на Џорџина, Хорхе Родригез кој два пати бил осуден во Шпанија за трговија со дрога и поминал десет години во затвор. Во 2003 година, Аргентинецот е фатен во организиран шверц на кокаин воп вредност од 100.000 фунти од Шпанија во Франција. Пет години подоцна ослободен е од затвор, но повторно влегува во нарко-бизнисот и фатен е со нова пратка на канабис и кокаин што ја пренесувал од Мароко во Шпанија, во вредност од 1 милион фунти. По што повторно добива затворска казна, а од затворот излегува во 2013 година.

Овие откритија се појавија во јавноста и претставуваат уште еден удар за португалската ѕвезда во Јувентус по сексуалната афера и обвинението за силување. Роналдо е под обвинение дека силувал девојка во Лас Вегас и му се заканува затворска казна доколку се докаже вината. Португалецот упроно ги негира сите обвиненија, но аферата сепак, доби силен одек во јавноста.

Се вчитува...