На Роналдо не му се пишува добро: Нови докази против Португалецот за „случајот силување“!

Кристијано Роналдо деновиве се соочува со обвинение за силување на манекенката Кетрин Мајорга кое се случило во Лас Вегас во 2009 година.

Мајорга, по повеќе од девет години, се одлучи да ја раскаже целокупната приказна пред јавноста но и да покрене обвинение против Роналдо за силување во хотел во Лас Вегас поради тоа што, како што вели, и денеска ги чувствува психичките последици од сето тоа кои многу и го промениле животот.

Роналдо, сите тие обвинувања ги отфрли, најави и тужби за клевета, но Кетрин не се откажува од своите наводи и обвинувањата.

Нејзините адвокати за вечерва во Лас Вегас закажаа прес-конференција, на која како што е соопштено јавно ќе ги објават сите докази против Роналдо и најновите информации врзани за случајот кој може и тоа како негативниот да заврши за португалскиот фудбалер.

Според законот на државата Невада случаите на силување никогаш не застаруваат. А, полицијата во Лас Вегас тогаш во 2009 година добила пријава за сексуален напад. Иако постојат полициски извештаи, потоа случајо набрзо беше затворен откако Роналдо една година потоа, по взаемен договор, и исплатил 375.000 долари на Мајорга за да не се појавува со обвинувања во јавноста.

Кристијано Роналдо, доколку се потврдат обвинувањата и преку судски пат, се соочува и со затворска казна.

Се вчитува...