На Рубиалес му се заканува казна затвор од две и пол години

Во Шпанија продолжи судењето за инцидентот кој изби по завршувањето на Светското првенство за жени во фудбал, во кој главен актер беше поранешниот претседател на федерацијата Луис Рубиалес.

Две и пол години затвор за Рубиалес побара шпанското обвинителство поради бакнежот без согласност со шпанската фудбалерка Џени Хермосо. Поранешниот претседател на федерацијата, кој веднаш по инцидентот беше сменет од таа функција, по финалето на Светското првенство во Австралија, насилно на подиумот ја бакна Џени Хермосо, која подоцна го тужеше поради тоа.

Рубиалес се изјасни дека не е виновен, а обвинителството побарало забрана за приближување на Џени Хермосо бидејќи тој би можел да го повтори делото или да изврши притисок врз неа.

Покрај затворската казна која му се смешка, Рубиалес на шпанската фудбалерка ќе треба да и плати и 60 илјади евра како отштета за стореното дело.

Се вчитува...