На Сон не му требаат милионите од Саудиска Арабија: Не е се во парите…

Корејскиот ас Хеунг Мин Сон е нajновото фудбалско име што доби богата понуда од Саудиска Арабија, но реши да ја одбие оценувајќи ја како погрешен потег за својата кариера.

Сон имаше на маса тригодишен договор вреден 90 милиони евра плус бонуси, но јасно стави до знаење дека нема намера да си замине од Тотенхем, без оглед на слабата сезона на „спарси“.

„Искрено, гледам пред себе иднина во Премиер-лигата. Не е се во парите, тоа не ме интересира во моментов. Она што за мене е најважно е играњето фудбал, и тоа во најсилната лига во светот. Затоа, сакам да продолжам да играм за Тотенхем“, изјави Сон, отфрлајќи ги сите шпекулации околу заминувањето од лондонскиот клуб.

Се вчитува...