На Тајланд му се заблагодарија на српски фудбалер, а тој им врати со: Можете да ми го ис***ите

Тајландскиот шампион Бурирам му се заблагодари на поранешниот играч на Партизан, Немања Николиќ (33), а тој во коментар одговори со навредлива порака: „Ис**шете ми го к**от“.

Бурирам Јунајтед објави проштална објава на социјалните мрежи за својот поранешен напаѓач, во која му се заблагодарува за посветеноста и професионалноста и му посакува успех во понатамошната кариера, со слоганот „Еднаш син, секогаш син“.

Сепак, тоа не му одговараше на фудбалерот. Николиќ, кој летово дојде во Бурирам, но не дебитираше ниту одигра една минута поради ограничувањата за странците во лигата, во коментар на Инстаграм одговори со жестока пцовка.

По некое време клубот го избриша коментарот кој собра околу 2.800 лајкови, но навивачите продолжија да го навредуваат клубот.

Се вчитува...