На тепачот Мегваер му виси местото во англиската репрезентација

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, доцна синоќа се врати во Англија откако помина два дена во затвор на грчкиот остров Миконос поради тепачката во која беше инволвиран, а се тврди дека влего во пресметка и со полицаец.

Инцидентот му ја загрозува позицијата во англиската фудбалска репрезентација. Федерација уште денеска ќе одржи состанок за да донесе одлука околу Мегваер која се соочува со правна битка.

Селекторот Герет Саутгејт ќе ја испочитува праксата што ја воведе и ќе одржи состанок со Мегваер за тоа дали тој воопшто ќе биде на списокот на репрезентацијата за следниот собир закажан веќе за почетокот од септември.

Мегваер се изјасни за невин, а неговиот правен тим смета дека поседува цврсти докази за невиноста на капитенот на Јунајтед кој тврди дека во пресметката влегол бидејќи ја бранел сестра му која според него била нападната и прободена со остар предмет.

Се вчитува...