За само 65 секунди игра, селекцијата на Парагвај дојде до гол во дуелот против Турција. На крајот тоа ќе се покаже како победнички гол, откако Турците во продолжението на натпреварот, па дури и со играч повеќе во вториот дел не успеаја да извлечат добар резултат од овој дуел, со што веќе полека ги пакуваат куферите за пат накај дома.
Се чинеше дека после голот, ќе се гледа еден отворен фудбал, со многу голови, но на крајот остана резултатот од раната фаза.
Галарза ја искористи грешката во предавањето на топката на дефанзивците на Турција, ја прифати топката и од десетина метри успеа да го совледа Чакир.
Турција брзо се созеде, притискаше, се закануваше, имаа повеќ од играта. Најблиску до гол беше Мулдур во 35. минута кога неговиот обид најпрво ја погоди пречката, а потоа и стативата.
Надополнувањето во првиот дел донесе и бизарен црвен картон на Алмирон, кој е казнет поради тоа што ја покри устата со рака во миговите кога му зборуваше нешто, што е по новите правила забрането.
Демирал имаше добри шанси во вториот дел, потоа шансите се редеа преку Јилдиз, Ѓул, но промена немаше. Последната шанса ја „прокоцка“ Демирал кога неговиот обид со глава заврши сантиметри крај голот, по што Парагвај ја носи победата, а Турција е соочена со елиминација од Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
