На Велигден ракомет сум се разиграл (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дербито меѓу Вардар и Металург ја одбележа изминатава деценија, а ги собра вљубениците на ракометот и на Велигден во малата сала на „СЦ „Јане Сандански“. Неколку дена по големиот триумф над Пик Сегед во четвртфиналето на ЛШ, „црвено-црните“ се пресметаа со Металург и се намачија за да стигнат до победа. Тренерот Роберто Парондо во составот уфрли и млади сили, дел од најискусните добија и одмор, а „металурзите“ покажаа дека секогаш играат максимално мотивирано против шампионот.

Вардар на крајот ги освои бодовите, а Металург ги заслужи аплаузите…

 

Се вчитува...