На Зидан му оди во финалиња, девет од девет со Реал Мадрид

Реал Мадрид го освои 11. трофеј во Суперкупот на Шпанија. По изведувањето пенали вчера вечер беше подобар во финалето од Атлетико Мадрид. Со овој успех, тренерот на Реал, Зинедин Зидан го одржа беспрекорниот рекорд на триумфи во финалните пресметки со клубот. За него ова беше деветто финале со Реал Мадрид и деветти успех. За францускиот тренер ова е прв трофеј по враќањето во клубот во мај минатата година.

Под водство на Зидан, Реал Мадрид беше шампион на Европа во 2016, 2017 и во 2018 година, освојувач на Суперкупот на Европа во 2016 и во 2017 година, клупски првак на светот во 2016 и во 2017 година како и најдобар во Суперкупот на Шпанија во 2017 и во 2020 година.

Во актуелниот шампионат Реал е на делба на првото место на табелата со Барселона со по 40 бода.

 

Се вчитува...